• вторник, 09 декември 2025
МИА Најави МКД

8 декември 2025 

Скопје - Положување венци цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски по  повод државниот празник посветен на светителот. (Двор на Националната и универзитетска библиотека  „Св. Климент Охридски“ / 11:30)

Скопје - Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година - највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија. (Кристална сала на Собранието / 11:00)

Охрид - Градоначалниците на Охрид и унгарскиот град Веспрем, Кирил Пецаков и Ѓула Порга, ќе потпишат писмо на намера за пријателска соработка помеѓу Општина Охрид и градот Веспрем од Унгарија. (ресторан „Тино“, кеј „Македонија“ / 14:30

Скопје - Во рамки на фестивалот „Синедејс“, македонска премиера на  долгометражниот игран филм „Бело се пере на деведесет“ во режија на Марко Набершник. (Кино „Фросина“ во МКЦ / 20:00

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан