27 април 2026
Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 5/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/11:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија. (Сала 4/13:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков ќе извршат увид во градежни активности за реконструкција на Универзалната сала - Скопје. (Универзалната сала/11:00/11:10 изјава за медиуми)
Прилеп -Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, ќе оствари работна посета на општина Прилеп и со градоначалникот Дејан Проданоски ќе извршат увид во реконструкција на улица " Кеј 1 Мај". (изјави за медиуми 11:30)
Криволак - Ден на високи гости на вежбата „Блесок 26“, на кој ќе присустуваат претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и претставник од Командата на здружени сили на НАТО во Неапол. (армиски полигон „Криволак“/11:00)
Скопје - Доделувањето на сертификатот за акредитација во важност од пет години на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември" – Скопје. (просториите на Управата на болницата/13:00)
Скопје - Претседателот на СКСМ Бранко Азески, германската амбасадорка Петра Дрекслер, заменик шеф на мисија во Амбасада на Швајцарија Михал Харари, министерката за образование и наука Весна Јаневска, директор на Канцеларијата на Германската банка за развој во Северна Македонија и Косово Мориц Реме и проектниот координатор на РЦФ во име на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан Балша Чулафиќ ќе се обратат на четвртата церемонија за доделување грантови на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), што ја организира во соработка со Стопанската комора. (Стопанска комора на Северна Македонија/10:30)
Скопје - Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија, подготвува свечено одбележување на Светскиот ден на интелектуална сопственост 26-ти Април заедно со традиционалната манифестација „Патент на годината 2025". (хотел Хилтон/13:00)
Скопје - Прес-конфренција на Јане Ченто на која ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р. и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката за 27 април. (пред Основното јавно обвинителство/12:00)
Скопје - GoGreen и Амбасадата на Кралството Холандија во Северна Македонија организираат настан исполнет со портокалови активности по повод Денот на кралот на Холандија. На настанот изјави за медиуми ќе дадат амбасадорот на Холандија Узлем Џанел, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски и Дарко Арсовски Петровски од Биди Зелен. (просторот околу Холандскиот лавиринт и ридот спроти „Школка“ во Градскиот парк /од 10:00 до 13:00)
Тетово - Седница на Советот на Општина Тетово. (10:00)
Скопје - Прес-конференција за Конкурсот за наградата за најдобар драмски текст од млад автор „Горан Стефановски“, на која ќе се обрати претседателката на Комисијата драматург Викторија Рангелова Петровска. (Драмски театар/12:00)
Скопје - Настан посветен на одбележувањето на роденденот на еден од најзначајните македонски драмски автори и културни дејци, Горан Стефановски, во организација на општина Центар. (кај спомен-клупата на Горан Стефановски/17:00)
Софија - Свечен концертен настан по повод 50-годишниот јубилеј од професионалната музичка кариера на еден од најзначајните и највлијателни македонски автори, композитори, аранжери и мултиинструменталисти – Никола (Кокан) Димушевски. (Македонскиот културно-информативен центар во Софија/18:30)
Битола - Ликовна изложба „Од уметничката ризница на ректоратот на УКЛО“ (Ректорат / 12:00 ч.)
Битола - Интернационален фестивал на монодрама во чии рамки ќе бидат изведени монодрамата „Луксуз. Изгубена во страст“ (Центар за култура, нова сцена /20:00 ч.) и монодрамата „Внатре“ (Центар за култура, бар-сцена / 21:30 ч.)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***