• петок, 21 февруари 2025
МИА Најави МКД

13 февруари 2025 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала „Борис Трајковски“/10:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/11:30)

Скопје - Претставници на Сојузот на синдикати на Македонија ќе се сретнат со претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев. (Собрание, Канцеларија 241/13:00)

Брисел - Министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана.

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на отворањето на „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, дигитален проект што Титан-Усје го реализира заедно со Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје. (Простории на Титан-Усје/11:00)

Битола - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ќе оствари средба со земјоделци. (Простории на Општина Битола/11:30)

Гевгелија - Директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев ќе дадат изјава за случајот во кој е запленета поголема количина марихуана. (Граничен премин Богородица/11:00)

Скопје - Францускиот институт во Скопје и Факултетот за информатика и компјутерски технологии организираат дебата „Вештачката интелигенција и културата: револуција или еволуција?“, во рамки на 10. издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“. (Europe House Скопје/19:00)

Штип - Прес-конференција на Центарот за развој на Источен плански регион, Општина Штип и Општина Гоце Делчев за проектот „Трансформирање на урбаните делови со зелена инфраструктура“. (х.„Изгрев“/11:00)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами ќе предаде спортска опрема за ОСУ „Кирил Пејчиновиќ“. (Простории на училиштето/10:00)

Скопје - Прва презентација во рамки на националната кампањата „Позитивна промена“ на Министерството за животна средина и просторно планирање. (Општина Чаир)

Битола - Регионална платформа за млади „Младински политики по мерка на младите. (Офицерски дом/Изјава на амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман во 12:00)

Скопје - Јавен форум „Кој губи, а кој добива од неказнивоста?“ во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“. (Студентски културен центар (СКЦ)/18:00)

Скопје - Промоција на романот „Недостиг“ од Симеон Јанков. (Кафе-книжарницата Буква/19:00)

Скопје - Промоција на романот „Безматичник“ и гостување на полската современа авторка Мира Марќинув во Скопје. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје/19:00)

Скопје - Со настап на џез-составот Skopje Jazz Inc ќе се одбележи Светскиот ден на радиото. („Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/21:00)

_______________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан