МИА Најави - МКД (ДПЛ)
- 10 декември 2025
10 декември 2025
Скопје - Продолжение на 73-тата собраниска седница. (Собрание, сала Македонија/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/10:30)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/11:15)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/11:15)
Скопје - Средба на Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер. (Собрание - Канцеларија 161/11:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција и целосно уредување на нов мултифункционален центар, кој се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, Општина Аеродром. (Предвидена е изјава за медиуми/12:30)
Скопје - Регионалната Мрежа за родово одговорно буџетирање (GBWN) организира меѓународен форум насловен „Глокализација 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина”, на кој се очекува да се обрати претседателката Гордана Сиљановска Давкова. (х. „Холидеј Ин“ - сала Милениум 2/ Изјави за медиумите се предвидени во 10:30-10:45)
Скопје - Регионален форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи во Западен Балкан“, на кој се очекува да се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши и Арбен Фетаи, заменик-претседател на Владата задолжен за политики на добро владеење. (х. „DoubleTree by Hilton“/Воведни обраќања во 09:30 – 10:00; Изјави за медиуми во 10:00-10:30)
Скопје - Промоција на „Софтверот за дигитално поврзување на Управниот суд со јавните органи и Вишиот управен суд“.
(во просториите на Управниот суд на ул.„Даме Груев“ бр.6/ 13:00)
Скопје - Меѓународна конференција e-Society.mk, посветена на темата „Интегритетот во сржта на дигиталната трансформација“, на која се очекува да се обрати министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. (х.„Холидеј Ин“/10:00)
Скопје - Конститутивната седница и официјалното формирање на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО), на која се очекува да се обрати министерот за локална самоуправа Златко Перински. (х. „Солун“/10:00)
Скопје - Американската Стопанска Комора (АмЧам) ја организира третата годишна конференција за дигитализација на која се очекува да се обратат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорката на УЈП Елена Петрова. (х. „Мериот“/09:00)
Скопје - Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков ќе учествува на трибината „Како да се спречи насилството врз жените кои се соочуват со репродуктивни предизвици” . (Граѓански ресурсен центар /17:00)
Скопје - Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. (во седиштето на СДСМ/10:30)
Виница - Извозна Академија при Матрона Конс и Прогресив Академија ја организираат Првата конференција за поттикнување на извозот. (во просториите на Винчини - Развоен Центар, ул. Војдан Чернодрински бр. 8, Виница/10:00 до 16:00)
Тетово - Во Салата на Советот ќе се одржи Јавна дебата за буџетот на Општина Тетово за 2026 година. (14:00)
Тетово - Во просториите на Општина Тетово ќе се потпише меморандум за Саат кулата. (10:00)
Скопје - Агенцијата за остварување на правата на заедниците ја организира мултикултурната манифестација „Различностите не зближуваат“. (Кинотека на Македонија/19:00)
Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на државна администрација на судска администрација на Македонија. (Судски совет/13:00)
Скопје - Промоција на монографијата и дискусија „Предизвици и можности за отворена општествена наука во Република Северна Македонија“. ( Институт за социолошки и политичко-правни истражувања; https://maps.app.goo.gl/v3VeWM2QjehgnAoZ6 /12:00)
Скопје – Отворено предавање на проф. д-р Мимоза Рајл на тема „Музиката како последна хармонија“. (во Малата сала на Факултетот за музичка уметност при УКИМ/16:00)
Скопје - Промоција на книгите „Посланија и беседи“ од архиепископот Доситеј и „Таков архиереј ни требаше“ - зборник трудови во чест на архиепископот Доситеј. Промотори на книгите ќе бидат архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. (Музеј на македонската борба за самостојност / 12:00)
Штип - Предавање на Сатибалди Буршаков, амбасадор на Казахстан во земјава на тема: „Kazakhstan and its geopolitical role in the modern world“. (Свечена сала на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип/11:00)
Штип - Факултетот за образовни науки организира јавна дебата на тема „Културен предизвик“. (во просториите на ФОН – Штип/13:00)
Скопје - Пројекција на филмот „Забранетиот град“ (2025) во режија на Габриеле Маинети во рамки на „Cinema Made in Italy”, филмска ревија посветена на најголемите хитови на современата италијанска кинематографија, организирана од Cinecittà, во соработка со Италијанскиот институт за култура во Белград и со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје. (Синеплекс Скопје Сити Мол/20:00)
Скопје - Промоција на „Етнолошки и антрополошки лексикон на Македонија: Личности и дела“. (Институт за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје - долна зграда на ПМФ/11:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Иницирај промена! Креирај Гласно“, во организација на Здружението за промоција, едукација и заштита на човековите и здравствените права „БИДИ ЧОВЕК“, поддржана од Ротари Клуб Скопје Интернационал. (во Галерија „Драгутин Аврамовски – Гуте“ Сули Ан/19:00)
Скопје - Изведба на авторскиот перформанс „this is my truth, tell me yours“ на хрватската писателка и драматургина Јасна Жмак. (Академска сцена при Факултетот за драмски уметности во Скопје/20:00)
Скопје - Промоција на уникатен мултимедијален проект: „Три лица на љубовта“ од авторот Митко Чешларов. (во Малата сала на Филхармонија/19:30)
___________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***