• петок, 21 февруари 2025
МИА Најави МКД (ДПЛ)

7 февруари 2025 

Скопје - Јавна расправа во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во врска со зајакнувањето на безбедноста во сообраќајот. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Прес-конференција на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. (прес центар во Собрание/10:00)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ. (прес-центар на Собрание/10:30)

Велес - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на доделување станови на социјално ранливите семејства во општина Велес. (Блок 40-Локалитет 1ГП 2.1/ 12:00)

Атина - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани во работна посета на Грција. 

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе одржи прес конференција. (Министерство за образование и наука/11:00)

Скопје - Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски ќе дадат изајави за медиуми по средбата на министерката со УО на ЗЕЛС. (Простории на ЗЕЛС, ул.„Копенхагенска“ бр. 5, на втор кат/ 14:00)

Скопје - Прес-конференција на адвокатот Сашко Дукоски, бранител на Васил Јованов, осомничен за сообраќајната незгода во која животот го загуби Фросина Кулакова. (х.„Бест Вестерн“, ул.„Македонија“/12:30)

Скопје - Промоција на електрични колички за лицата со посебни потреби во организација на SOS Vita. (Пред џамија Мурат Паша, Стара чаршија/13:30) 

Скопје - Национална работилница за урбана отпорност и управување со ризикот од поплави, како дел од проектот „Urbanfloods“, ко-финансиран од Европската Унија преку програмата „Interreg IPA ADRION“. (хотел Карпош/10:00)

Скопје - ИФФК „Браќа Манаки“ организира средба со новинари по повод добиената престижна награда од Британското здружение на кинематографери (BSC). (Аудиокултура Скопје/12:00)

Скопје - Изведба на балетското ремек-дело „Есмералда“ од Чезаре Пуњи. (Национална опера и балет/20:00)

_______________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан