• петок, 21 февруари 2025
МИА Најави МКД (ДПЛ)

6 февруари 2025

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/14:00)

Скопје - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски ќе имаат работен појадок со медиумите. (Клуб на пратеници/11:15, предвидени се изјави за медиумите пред настанот)

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во работна посета на Австралија.

Скопје - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ќе одржи брифинг за медиуми. (Министерство за економија и труд, сала 1 кат/12:00)

Гевгелија -  Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во посета на институции од областа на културата  и субјекти од областа на туризмот во Гевгелија. (прес-конференција во Народниот театар во Гевгелија/10:30) 

Скопје - Прес-конференција на тема „Годишен план за 2025 година за финансирање на специјалистичкo-консултативната здравствена заштита во приватните и јавните здравствени установи“ на Фондот за здравствено осигурување. (Фонд за здравство/12:00)

Скопје - Седница на Судскиот совет на РСМ. (Судски совет/10:00)

Скопје - Прес-конференција на Талат Џафери од ДУИ. (централно седиште на ДУИ во Чаир/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Коалиција „Менуваме“. (Институт за Македонски Јазик „Крсте Мисирков“/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Синдикатот за шумарство предводен од претседателот Живко Митревски и Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката и стопанството на Македонија предводен од Роберт Симоноски. (х.„Ангел“, ул.„Македонија“/11:00)

Скопје - Промоција на четиритомниот проект Пролегомена за македонската фотографија од Златко Теодосиевски, историчар на уметност, критичар и публицист. (Културно информативен центар, Сала 1/12:00)

Скопје - Изложба на „ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2024“ и доделување награди и признанија на уметници и соработници на ОСТЕН. (Национална галерија - Чифте амам/19:00)

Скопје - Оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи концертот насловен „Магична виолина“ на кој како солист ќе настапи врвниот белгиски виолинист Марк Бучков. (Филхармонија/20:00)

Скопје - Промоција на книгата „Особености на граматичката категорија преодност на глаголите во македонскиот јазик“ на Људмил Спасов. (Институтот за македонски јазик, амфитеатар/11:00) 

Скопје - Прес-конференција на Коалицијата Менуваме на тема „Кодификација, стандардизација, верификација и нострификација на браевото писмо во Македонија“. (Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“/11:00)

Битола - Свечена академија по повод 80 години настава на современ македонски јазик во битолската гимназија. (Центар за култура/19:00)

Скопје - Промоција на македонското издание на романот „Ѕвезди под клепките“ со промоторката Ана Јовковска, авторот Николај Терзијски и преведувачката Виолета Танчева-Златева. (Јуроп хаус“/19:00)

Скопје - Промоција на проектот „Центар од А до Ш“ де од едукативно-кретаивната секција при ООУ „Гоце Делчев, Општина Центар. (Музеј на град Скопје/13:00)

Скопје - Проекции на музички документарци за рок фотографот Антон Корбајн, „Њу ордер“ и Моби, во пресрет на претстојното издание на Скопје Синема Сити. (Клуб Кафе и филм - Котур/20:00)

________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан