• сабота, 22 февруари 2025

Меџити: Мајчинскиот јазик, клучен елемент на идентитетот и заедничкото живеење во мултиетничките општества 

Меџити: Мајчинскиот јазик, клучен елемент на идентитетот и заедничкото живеење во мултиетничките општества 

Скопје, 21 февруари 2025

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчинскиот јазик организиран од Агенцијата за примена на јазикот, првиот вицепремиер на Северна Македонија, Изет Меџити, одржа значајно обраќање во кое ја истакна важноста на мајчинскиот јазик како средство за комуникација, но исто така и како елемент на идентитетот и културната наследина. Тој истакна дека мајчинскиот јазик е дел од нашиот идентитет и неговото влијание е длабоко од детството, поврзувајќи нè со семејството и културата.

Во своето обраќање, Меџити рече: „Мајчинскиот јазик го претставува нашиот идентитет, нашата историја и културното наследство што им го пренесуваме на идните генерации. Од детството, мајчинскиот јазик го формира нашиот начин на размислување, нè поврзува со семејството и нè прави дел од разликувачката култура.“

Во регионот на Балканот, со етичка и јазична разновидност, Меџити нагласи дека јазикот игра клучна улога во зачувувањето на националниот идентитет и заедничкото живеење помеѓу етничките групи. Тој спомена како пример Босна и Херцеговина, која има три официјални јазици, и истакна дека јазикот е симболичен и политички елемент, особено по распадот на Југославија.

„По распадот на Југославија, новите држави го истакнаа токму јазикот како разликувачки и дефинирачки елемент на националната припадност,“ изјави Меџити.

Изет Меџити го оцени мајчинскиот јазик како основно право и клучен принцип на етничка еднаквост во мултиетничките држави, и го гледа како можност за подобрување на меѓуетничките односи и општествена и институционална интеграција. Тој нагласи дека користењето на мајчинскиот јазик во администрацијата, образованието и правосудниот систем е знак за почитување на етничката еднаквост.

„Користењето на мајчинскиот јазик во администрацијата, образованието и правосудниот систем несомнено е знак за почитување на етничката еднаквост,“ изјави тој.

Во своето обраќање, Меџити исто така се осврна на актуелните дебати за уставните промени и истакна дека Уставот треба да биде инструмент кој ќе го зајакне државата и ќе гарантира еднакво и инклузивно општество. Тој нагласи дека албанскиот јазик не е само статистика, туку реалност, и дека формулации како „20% од населението“ треба да останат во минатото: „Албанците не се статистика, тие се нераздвоив дел од оваа држава!“

На крајот, вицепремиерот Меџити им го честиташе Меѓународниот ден на мајчинскиот јазик на сите, истакнувајќи дека мајчинскиот јазик е повеќе од средство за комуникација, тој е право на идентитет и една од основите на демократијата и правата на човекот во мултиетничките држави.

 

Демократско движење

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан