• петок, 05 декември 2025

Меси претпочита победа на Светското првенство пред уште една Златна топка

Меси претпочита победа на Светското првенство пред уште една Златна топка

Мајами, 13 ноември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, изјави дека би претпочитал да го освои Светското првенство во 2026 година, отколку да освои уште една Златна топка.

- Уште едно Светско првенство или уште една Златна топка? Уште едно Светско првенство. Да поседувам клуб или тренер? Би рекол да поседувам клуб, го цитира Меси, инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа „X“.

Триесет и осумгодишниот Аргентинец освои осум награди „Златна топка“ во својата кариера, а исто така ја водеше Аргентина до победа на Светското првенство во 2022 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан