• петок, 21 февруари 2025

МЕРМС: ИФЦ со поддршка за енергетски проекти во Македонија

МЕРМС: ИФЦ со поддршка за енергетски проекти во Македонија

Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, имаше работна средба со делегација од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), предводена од регионалниот директор за Западен Балкан, Николас Маркиер. На средбата присуствуваа и Милица Средановиќ, одговорна за инвестиции во енергетскиот сектор за Западен Балкан, и Вадим Шербаков, одговорен за инвестиции во енергетскиот сектор за Македонија, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

На средбата посебен акцент е ставен на инвестициите во енергетскиот сектор и транзицијата кон обновливи извори на енергија, што е во согласност со зелената агенда на Македонија.

Министерката Божиновска ги информираше претставниците на ИФЦ за приоритетите на Министерството, нагласувајќи ја важноста на проектите за зголемување на енергетската ефикасност и развој на обновливите извори на енергија. Таа истакна дека Владата е посветена на намалување на зависноста од фосилни горива,

Претставниците на ИФЦ изразија подготвеност за поддршка на овие иницијативи, особено преку финансирање на проекти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и декарбонизација. Тие исто така ја истакнаа важноста на соработката со приватниот сектор и привлекувањето странски директни инвестиции како клучни фактори за одржлив економски раст.

Министерката Божиновска ја нагласи важноста на партнерството со меѓународни финансиски институции како ИФЦ во процесот на енергетска транзиција и изрази уверување дека ваквата соработка ќе придонесе за постигнување на стратешките цели на земјата во енергетскиот сектор.

Зелената транзиција ќе добие значителен поттик од зголемената поддршка од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка која активно ја поддржува енергетската транзиција во регионот на Западен Балкан преку различни иницијативи и проекти и има значајна улога во мобилизирање на капитал за инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност, сти во соопштението од МЕРМС.са/

Фото. МИА архива

Остани поврзан