• сабота, 10 јануари 2026

Медиуми: Сака ќе остане во Арсенал до 2031

Медиуми: Сака ќе остане во Арсенал до 2031


Лондон, 9 јануари 2026 (МИА) – Англискиот репрезентативец Букајо Сака се согласил на петгодишно продолжување на договорот со Арсенал, јави денеска „Скај Спортс“.
Тековниот договор на Сака истекува во јуни 2027 година, но според британските медиуми, Арсенал му понудил нов договор со подобри услови што ќе го задржи во лондонскиот премиерлигаш до 2031 година.
Дваесетичетиригодишниот Сака е производ на академијата на Арсенал и во изминатите осум сезони одигра 290 натпревари за лондонскиот клуб, постигнувајќи 77 голови.
Изминатите месеци, Арсенал ги обнови договорите со неколку клучни играчи, вклучувајќи го и централниот дефанзивен тандем Вилијам Салиба и Габриел Магаљаеш, како и со уште двајца таленти од академијата кои се дел од првиот тим – Итан Нванери и Мајлс Луис Скели. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан