• вторник, 30 декември 2025

МД„Илинден“-Тирана, ќе биде домаќин на следниот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН

МД„Илинден“-Тирана, ќе биде домаќин на следниот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН

Дебар, 23 ноември 2025 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“- Тирана, догодина ќе биде домаќин на семинарот на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Ова едогласно беше одлучено на 28. семинар на работната група на словенските малцинства што се одржува во Горица, Италија, во чија работа учествува и Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

-Ова е многу значаен, би го оценил историски ден за Македонците во Република Албанија. Нашето друштво за првпат во 2026 година, ќе биде организатор и домаќин, на семинарот на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН, настан што се одржува секоја година во различен регион со словенско малцинство во Европа. За нас тоа е голема чест и секако вреднување на нашата активност, изјави Ѓурѓај за МИА.

Групата е основана во 1996 година, во неа членуваат 33 асоциации од цела Европа а од 16 мај 2015 година, кога МД „Илинден“ стана полноправна членка на ФУЕН е дел од оваа група.

На семинарот и оваа година биле презентирани извештаи за моментната состојба на словенските малцинства во Европа, а биле договорени и идните активности на работната група.

Во тие рамки Ѓурѓај презентирал извештај за положбата на Македонците во Република Албанија и проблемите што ги застегат, како и на активностите на нашето друштво.вт/ар
Фото: МД„Илинден“

Остани поврзан