• понеделник, 08 декември 2025

МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари

МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари

Скопје, 8 декември 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека 82-годишна скопјанка била измамена за сума од околу 170.000 денари од едно лице кое се претставувал како полициски службеник.

-82-годишна жена од Скопје во СВР Скопје, пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената и кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор, посочуваат од МВР.

Како што е пријавено, таа излегла на улица и ги дала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, односно дека е измамена.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. фф/вг/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан