• петок, 21 февруари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 13 февруари 2025 (МИА) - На 12.02.2025 во 14.00 часот, поради основано сомнение дека се извршители на повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода З.Џ.(23) од с.Желино, тетовско и А.А.(47) од Тетово.

МВР денеска соопшти дека при претреси во нивните домови и помошни простории во с.Желино, Тетово и во с.Озормиште, извршени со судска наредба, биле пронајдени предмети, разновиден алат и машини за домаќинство за кои постои сомнение дека потекнуваат од над 10 кражби и тешки кражби извршени во куќи, објекти и плацеви на подрачјето на општина Желино. Предметите биле одземени и ќе им бидат вратени на сопствениците. З.Џ. и А.А. биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени  соодветни поднесоци.

Денеска (13.02.2025) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(26) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 12.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Х.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 23.20 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Н.Н.(33) и З.Т.(41), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај З.Т. биле пронајдени грутчеста и прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 13.00 часот  на ул.„Пере Тошев“ во Прилеп. полициски службеници од ОВР Прилеп  ги лишиле од слобода П.Т.(41) и Е.Р.(21), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 14.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на  магистралниот пат Кичево-Охрид, кај девијација с.Ново Село, општина Дебрца, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(34) од Струга, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 12.02.2025 околу 08.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(63) од Скопје, удрило во пешакот В.Т.(76) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Т., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 12.02.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Миладиновци - с.Текија, скопско, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(51) од с.Дељадровце, скопско, удрило во велосипед управуван од Н.А.(69) од с.Миладиновци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.   

На 12.02.2025 во 22.10 часот во Полициската станица Гази Баба, В.З.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Трифун Хаџи Јанев“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 12.02.2025 во 09.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.Р.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорѓи Пенков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 12.02.2025 во 06.55 часот во ОВР Гостивар, Д.М.(50) од с.Беловиште пријавила дека околу 06.00 часот на улица ,,Илија Антевски Смок“ во Гостивар била касната од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан