МВР Билтен
- На 16.02.2025 околу 16:30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции извршиле контрола на товарно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(59) од Струмица.

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) – На 16.02.2025 околу 16:30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции извршиле контрола на товарно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(59) од Струмица. При контролата во возилото биле пронајдени и одземени вкупно 672 парчиња брендирана роба за која не поседувал соодветна документација.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 285 од Кривичниот законик.
На 15.02.2025 во 22.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Д.(31) од Куманово затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 16.02.2025 од страна на полициски службеници од СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Љ.(45) во с.Горно Јаболчиште. При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7,65 мм, рамка и шест куршуми за пиштолот. Со лицето бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.02.2025 во 13.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.02.2025 во 22.10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.В.(28) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.02.2025 во 23.06 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола - Маково, пред мостот на река Драгор, патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(21) од с.Новаци, битолско, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 16.02.2025 во 20.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„7-ми Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат добло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ж.К.(70), и мотоцикл „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од И.Ч.(18), двајцата од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија. дма/
Фото: МИА архива
На 16.02.2025 во 19.29 часот во СВР Велес, од Општата болница Велес било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.С.(21) од с.Бузалково, велешко. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 17.30 часот во селото при превртување на тракторот, кој го управувал во селото.