Судската полиција во Кривичниот суд открила два ножа и сатар при претрес на ранец на 20-годишен скопјанец
- Дваесетгодишник скопјанец вчера при влез во Кривичниот суд во Скопје се обидел да внесе два ножа и сатар. Откако случајот ќе биде документиран, за него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Дваесетгодишник скопјанец вчера при влез во Кривичниот суд во Скопје се обидел да внесе два ножа и сатар. Откако случајот ќе биде документиран, за него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-На 19.02.2025 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Основен кривичен суд Скопје, при преглед за влез, во ранецот на М.К.(20) од Скопје, службеник во судска полиција пронашол и одзел два ножеви и еден сатар, информираат денеска од МВР.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. сст/дма/
фото: МИА архива