• петок, 21 февруари 2025

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ј.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“. Тој, поради нерасчистени должничко - доверителски односи, завчера околу 01.30 часот со употреба на сила и погоден алат влегол во домот на М.Б.(51) од Скопје, физички и со тврд предмет го нападнал и со закана го однел во неговиот дом, каде продолжил со заканите. Подоцна, М.Б. успеал да избега и настанот го пријавил во полициска станица, а по преземени мерки во 15.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Ј., по што бил извршен претрес во неговиот дом, од каде бил подигнат доказен материјал. По консултација со јавен обвинител, против Т.Ј. е поднесена кривичната пријава, а од судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.  

Од Казнено - поправната установа Затвор Скопје утринава во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворот од установата биле пронајдени марихуана и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 22.10 часот во Скопје, во населба Илинден го лишиле од слобода И.Д.Т.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Е.Н.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 21.50 часот во Скопје, во парк на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Завчера во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Во угостителски објект на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 01.45 часот, го лишиле од слобода Д.Ј.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 14.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Р.А.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Во Полициската станица Делчево вчера било пријавено дека околу 14.15 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, на излезот кон село Ѕвегор, делчевско, Љ.И.(54) од Ѕвегор, управувајќи  мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал надвор од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и додека бил пренесуван кон болница починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Делчево.

М.Т.(38) од Скопје вчера во 20.45 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

Д.П.(31) од Велес вчера во 19.07 часот во Полициската станица Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник. вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан