• петок, 21 февруари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 11 февруари 2025 (МИА) - На 10.02.2025 околу 12.50 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце ги лишиле од слобода А.Т.(60) и Г.И.(54), двајцата од с.Волково, скопско, затоа што во возила „фиат стило“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, превезувале пет лица мигранти од Мароко.

Како што денеска соопштија од МВР, претходно, полициските службеници ги забележале мигрантите како излегуваат од возилата и по преземени мерки возилата биле запрени, а возачите биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.02.2025 во 15.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле К.С.(55) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 10.02.2025 во 17.40 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.А.(57) од Гостивар затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2025 во 20.40 часот на ул.„Илинденска” во  Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Д.Д.(31) од с.Бистрица, битолско и Ј.Б.С.(36) од Битола затоа што при преглед кај нив, кај Д.Д. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот  ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (11.02.2025) во 01.40 часот во с.Глумово,скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(38) од с.Глумово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (11.02.2025) во 01.40 часот во Скопје, во с.Глумово, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Ф.(47) од с.Глумово, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2025 во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар,  полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Д.(25) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.02.2025 околу 17.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата од ул.,,Мислешески пат“ и ул.,,Едвард Кардељ“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.А.(51) од Струга и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(28) од Скопје, сопственост на МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Д.Ј.(30) од с.Младо Нагоричане, кумановско, (двајцата полициски службеници) констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, додека со телесни повреди се здобил уште еден полициски службеник - Д.К.(27) од Скопје и возачот  М.А., констатирани во Општа болница Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

На 10.02.2025 во 14.00 часот во Полициската станица Драчево, Г.Ј.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 10.02.2025 во 13.15 часот во ОВР Гостивар, Х.Р.(73) од Гостивар пријавил дека на улица „101“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.

На 10.02.2025 во 17.35 часот во ОВР Прилеп, В.Н.(31) од Прилеп пријавила дека на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп била касната од куче скитник.  цр/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан