• петок, 05 декември 2025

Мартин Малчев назначен за заменик-градоначалник на Општина Македонска Каменица

Мартин Малчев назначен за заменик-градоначалник на Општина Македонска Каменица

Македонска Каменица, 18 ноември 2025 (МИА) - Градоначалничката Соња Стаменкова денеска го назначи Мартин Малчев, член на Советот на Општина Македонска Каменица, за заменик-градоначалник.

Според законските прописи, Малчев ќе ја извршува функцијата градоначалник во случаи кога градоначалничката е спречена или отсутна подолго од шест месеци, како и во други ситуации утврдени со закон. Со стапувањето на должноста, неговиот мандат како советник ќе мирува.

Стаменкова истакна дека Општината продолжува да ги развива условите за инклузивно, современо и демократско општество во кое стручноста, професионалноста и компетентноста се основа за вршење јавна функција.

- Од заменик-градоначалникот очекувам максимална посветеност, одговорност и работа во интерес на граѓаните на Македонска Каменица, напиша таа во својата објава на фејсбук. вс/са/ 

Фото: Соња Стаменкова, градоначалничка на М.Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан