• петок, 05 декември 2025

Мао: Оружјето нема да му помогне на Тајван да се отцепи од Кина

Мао: Оружјето нема да му помогне на Тајван да се отцепи од Кина

Пекинг, 26 ноември 2025 (МИА) – Зголемувањето на воените трошоци нема да ѝ помогне на сегашната администрација на Тајван да постигне независност на островот од континентална Кина, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

Нејзината изјава уследи по најавата на претседателот на Тајван, Вилијам Лаи (кинеско име Лаи Чинг-те) дека Тајпеј ќе го зголеми буџет за одбрана на 40 милијарди долари.

- Дејствијата на владејачката Демократска прогресивна партија во Тајван, која се стреми со воени средства да се спротивстави на обединувањето и со сила да постигне независност, се осудени на неуспех, истакна Мао.

Таа додаде дека останува непроменет ставот на Кина, која се спротивставува на официјалните и воените односи помеѓу САД и Тајван. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан