Малолетник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
- Тинејџер од Куманово монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка, полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава.
Куманово, 9 јануари 2025 (МИА) - Тинејџер од Куманово монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка, полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава.
- Вчера во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на социјални мрежи објавувал монтирани слики со експлицитна содржина од малолетничка, соопшти полицијата.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ам/лв/
Фото: МИА