• петок, 05 декември 2025

Лукровски: Очекувам да бидам градоначалник на Карпош

Лукровски: Очекувам да бидам градоначалник на Карпош

Скопје, 2 ноември 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош поддржан од ВМРО-ДПМНЕ очекува да биде победник на денешните избори на вториот круг од Локалните избори. Лукровски во изјава за медиумите по гласањето рече дека се надева на мирен ден и демократски избори. 

- Јас и моето семејство штотуку гo остваривме нашето гласачко право. Денеска е убав ден, празник за нас, како и секогаш кога се изборите. Се надевам да имаме мирен ден пред се, да имаме демократски избори и здравје боже да победи Карпош, рече Лукровски.

Очекува, како што рече, да победи на изборите. - Очекувам да победам. Така велат и анкетите, она што го предвидувавме после првиот круг така излезе. Сметам дека и вечерва ќе бидам победник во вториот круг, рече Лукровски. 

За изборната кампања рече дека имало мирна кампања, дека немало инциденти. - Јас од 6 јули ме објавија. На некој начин кога ќе ве објават сакате нејќете во кампања сте, така што имав долг период на темелна кампања. Се сретнав со многу луѓе, со многу групации, здруженија на граѓани, институции итн. Мислам дека направивме една убава кампања, народот тоа го препознава и утрово добив стотици пораки на поддршка. Убава атмосфера. Се надевам вечер ќе биде славеничка, изјави Лукровски. 

Тој рано утрово заедно со своето семејство го оствари своето право на глас во ООУ „Петар Поп Арсов“ во скопски Карпош. ев/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан