Лишени од слобода крадци во Пробиштип
- Во Пробиштип вчера во 14.35 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода С.А.(28) од Радовиш и М.Е.(40) од Штип, поради сомнение дека на 27.01.2025 извршиле две кривични дела „тешка кражба“ во продажни објекти во Пробиштип и Злетово, при што одзеле повеќе производи.

Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) - Во Пробиштип вчера во 14.35 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода С.А.(28) од Радовиш и М.Е.(40) од Штип, поради сомнение дека на 27.01.2025 извршиле две кривични дела „тешка кражба“ во продажни објекти во Пробиштип и Злетово, при што одзеле повеќе производи.
Од МВР денеска соопштија дека тие се сомничат и за тоа дека со употреба на сила се обиделе да влезат во друг продажен објект во Злетово, но не успеале.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/
Фото: МИА архива