Левица: Владата ја "решава" невработеноста со вработување на сопствените роднини
- СООПШТЕНИЕ -

Скопје, 21 февруари 2025
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, јавно ја разобличи Владата која наместо за граѓаните, носи работни места само за блиските роднини на функционерите:
„Мислам дека оваа Влада и тоа како треба да се пофали за своите проекти за намалување на невработеноста. Некои политички "лешинари" (што би рекол премиерот) ќе речат дека е непотизам, а никој не зема во предвид дека и фамилиите на властодршците мора некаде да работат...
Еве, само некои мерки за намалување на невработеноста во овие 7-8 месеци на новата власт:
- Сестрата на премиерот се вработи на Универзитетот во Штип;
- Баџанакот на министерот Тошковски стана доцент на Факултот за безбедност и дисквалификува студент на генерација;
- Сестрата на министерот Љутков се вработи во Музејот во Велес;
- Таткото на министерот Андоновски стана советник на Мицкоски;
- Братот на министерот Андоновски стана началник во АНБ;
- Братучедот на Меџити стана директор во МЕПСО;
- Братот на пратеникот Игор Здравковски стана член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување;
- Синот на директорот Александар Пандов стана советник на Мицкоски;
- Таткото на министерот Муцунски е советник на министерот Муцунски (додуша тој беше и советник на Бујар Османи).
И кога властодршците ви велат дека нема да се мешаат во дефинирањето на минималната плата, тоа доаѓа затоа што ниту тие (ниту нивните фамилии) никогаш не ги почувствувале "благодетите" од работа во приватен сектор...” - напиша пратеничката од редовите на Левица на својот фејсбук профил.
Левица
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото МИА