• четврток, 04 декември 2025

Левандовски може да се пензионира ако Барселона не му го продолжи договорот

Левандовски може да се пензионира ако Барселона не му го продолжи договорот

Барселона, 11 ноември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски, може да се пензионира во летото 2026 година.

Според „sport.es“, 37-годишниот Полјак сака да остане во каталонскиот клуб. Доколку Барселона одлучи да не го обнови договорот на напаѓачот, кој истекува во летото 2026 година, а тој не е задоволен од другите понуди, тој е подготвен да се пензионира.

Левандовски игра за Барселона од летото 2022 година. Оваа сезона одигра 12 натпревари во сите натпреварувања и постигна седум гола. 

Напаѓачот претходно играше за Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Лех Познањ. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан