Лами: Палестинците треба да имаат иднина во Појасот Газа и на окупираниот Западен Брег
- решение засновано на две држави, Палестина и Израел. -Отсекогаш бевме јасни во нашето верување дека мора да има две држави. Палестинците треба да живеат и да напредуваат во своите татковини во Газа и на Западниот Брег, рече тој на прес-конференција за време на неговата посета на Киев, пренесоа британските медиуми

Киев, 5 февруари 2025 (МИА) – Шефот на британската дипломатија, Дејвид Лами, денеска изјави дека Палестинците треба да имаат иднина во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег и дека поддржува решение засновано на две држави, Палестина и Израел.
-Отсекогаш бевме јасни во нашето верување дека мора да има две држави. Палестинците треба да живеат и да напредуваат во своите татковини во Газа и на Западниот Брег, рече тој на прес-конференција за време на неговата посета на Киев, пренесоа британските медиуми
Лами ова го изјави откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно предложи Палестинците да се преселат од Појасот Газа во Египет и Јордан, што тие земји го одбија.
Трамп кажа дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како нова „ривиера на Блискиот Исток“.сд/
фото:ЕПА