• петок, 05 декември 2025

„Куманово танцува“ по 21 пат во спортската сала

„Куманово танцува“ по 21 пат во спортската сала

Куманово, 10 ноември 2025 (МИА) - Во спортската сала во Куманово синоќа по 21 пат се одржа манифестацијата „Куманово танцува“, на која настапија шест клубови. Публиката уживаше во енергична програма посветена на танцот, младите и уметноста на движењето. Настанот е под покровителство на Општина Куманово и Советот на Општината.

-Ќе продолжиме со поддршка на младите таленти и активностите кои го промовираат културниот развој на градот, кажа меѓу другото кумановскит градоначалник, Максим Димитриевски.

На сцената настапуваат шест кумановски танцови клубови „Ултра“, „Мак Денс“, „Скил Фактори“, „Виртус“ и „Динамик“ во организација на АКУ „Мулти Арт“.

Преку своите настапи, овие клубови го претставуваат најдоброто од кумановската танцова сцена, обединувајќи различни стилови и генерации на танчари. Кумановските танцови клубови се познати по бројните награди, признанија и трофеи што ги освојуваат на домашни и меѓународни натпревари. Нивната работа придонесува за унапредување на културниот живот во градот и промоција на Куманово како средиште на талент, енергија и уметнички израз. Манифестацијата се одржа во рамки на „Ноемвриските денови“ во чест на ослободување на Куманово, посветена на танчарите како вистински амбасадори на градот и инспирација за идните генерации. ам/са/

Фото: МИА и општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан