Куманово објави повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија за 2025 година
- Општина Куманово објави јавен повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на оваа локална самоуправа, информираа денеска од Општината. Јавниот повик има за цел да обезбеди социјална заштита преку давање финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово.

Куманово, 10 февруари 2025 (МИА) - Општина Куманово објави јавен повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на оваа локална самоуправа, информираа денеска од Општината. Јавниот повик има за цел да обезбеди социјална заштита преку давање финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на општина Куманово.
Финансиската поддршка на здруженија се однесува на вршење работи од социјална заштита, за подготовка и воспоставување на нови социјални услуги на територија на општина Куманово пропишани во Законот за социјална заштита или иновативни социјални услуги, услуги на информирање и упатување, на стручна помош и поддршка, советување, услуги во заедницата, услуги за вонсемејна заштита.
Предност при остварување на правото на финансиска поддршка ќе имаат здруженија кои се во фаза на развој, односно подготовка или воспоставување на социјални услуги коишто се дел од социјалниот план на општина Куманово 2023-2026 година, на здруженија кои се во фаза на подготовка на документација за лиценцирање или веќе имаат поднесено документација за добивање на лиценца за социјалната услуга во МТСП. Предност ќе имаат апликации кои се однесуваат на развој на услуги на вонсемејна заштита.
Здруженијата треба да исполнуваат повеќе услови, да се докажани во работата, регистрирани, да имаат вработено барем едно лице. Барањата и потребните критериуми можат да се најдат на веб-страницата на општината. Рокот за поднесување е 14 дена. ам/мд/
Фото: МИА