• вторник, 30 декември 2025

Кубански суд го осуди поранешниот министер за економија на доживотен затвор

Кубански суд го осуди поранешниот министер за економија на доживотен затвор

Хавана, 9 декември 2025 (МИА) - Кубанскиот Врховен народен трибунал денеска го осуди поранешниот министер за економија, Алехандро Хил, на доживотен затвор по краток процес во кој обвинетиот беше прогласен за виновен за шпионажа и корупција.

„Алехандро Мигел Хил Фернандес преку коруптивни и измамнички дејства ја злоупотребил својата службена положба и доделената одговорност за стекнување лична корист, добивање пари од странски компании и поткупување државни службеници за легализирање на стекнатите средства“, се вели во соопштението на Трибуналот. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан