Кристал Палас е заинтересиран за Џонсон
- Кристал Палас има намера да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Бренан Џонсон.
Лондон, 14 декември 2025 (МИА) - Кристал Палас има намера да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Бренан Џонсон.
Како што објави „Телеграф“, трансферот на 24-годишниот Велшанец би можел да се случи во јануари 2026 година. Играчот во моментов има ограничена минутажа во Спарс.
Во меѓувреме, тренерот на Тотенхем, Томас Френк, би можел да блокира секаков трансфер за Џонсон ако не може да најде замена за него.
Во сезоната 2025/26, Џонсон постигна четири гола на 19 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор е до 30 јуни 2028 година. Тој е во Тотенхем од 2023 година.
Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 35 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА