• петок, 05 декември 2025

Кривична против двајца од Дебар осомничени за запуштање и малтретирање дете

Кривична против двајца од Дебар осомничени за запуштање и малтретирање дете

Скопје, 3 ноември 2025 (МИА) - Кривична пријава поднесе ОВР - Дебар против 21-годишната В.Б. и 19-годишниот Б.Б., двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- На 13 октомври на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР - Дебар ја затекнаа В.Б. како со нејзината малолетна ќерка вршат питачење, а во нивна близина бил Б.Б., појаснија од МВР. бд/вј/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан