Кремљ: Виткоф следната недела ќе допатува во Москва
- Кремљ денеска соопшти дека американскиот специјален претставник Стив Виткоф и други американски претставници следната недела ќе пристигнат во Москва на преговори за евентуален мировен план за Украина
Москва, 26 ноември 2025 (МИА) – Кремљ денеска соопшти дека американскиот специјален претставник Стив Виткоф и други американски претставници следната недела ќе пристигнат во Москва на преговори за евентуален мировен план за Украина.
Што се однесува до Виткоф, можам да кажам дека е постигнат прелиминарен договор и тој ќе дојде во Москва следната недела, изјави советникот за национална безбедност на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.
Тој додаде дека и „други претставници на администрацијата, кои се ангажирани за украинските прашања“ следната недела ќе пристигнат во Москва. ми/мс/
фото: МИА архива