• сабота, 22 февруари 2025

Коњановски изврши увид на изградбата на северниот сообраќаен влез во Битола

Коњановски изврши увид на изградбата на северниот сообраќаен влез во Битола

Битола, 10 февруари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски изврши увид на работните активности за изградба на северниот сообраќаен влез во Битола од страната на Прилеп, каде во тек е реконструкција на линиската инфраструктурна градба на улицата „8 Септември“.

Од Секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека работите се изведуваат согласно договорот, а во моментот се врши реконструкција со дислокација на мешовита канализација од која 550 метри веќе се изведени, што вклучува машински ископ на каналски ров, поставување на песок и насипување, потоа изработка на армиранобетонски потпорен ѕид, армирање и бетонирање на темели во должина од 27 метри.

-Во досегашниот период реализирани се околу 20 проценти од вкупниот договор за проектот, односно изградена е атмосферска канализација со должина од 735 метри, мешовита канализација во должина од 550 метри, водоводна мрежа во должина од 270 метри и изградба на коловоз, посочија од Општина Битола. Додаваат дека до средината на летото планирано е да се изврши асфалтирање на левата коловозна лента, потоа сообраќајот ќе се пренасочи по новоасфалтираната коловозна лента со цел безбедно спроведување на градежните активности на десната лента и непречено одвивање на сообраќајот. мт/мд/

Фото: Општина Битола

 

Остани поврзан