Кошаркарските каравани тргнуваат од Скопје
- Македонската кошаркарска федерација овој викенд ја започнува сезоната на М12 каравани – проект посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е развој на спортскиот дух, пријателство и љубов кон кошарката.
Скопје, 13 ноември 2025 (МИА) - Македонската кошаркарска федерација овој викенд ја започнува сезоната на М12 каравани – проект посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е развој на спортскиот дух, пријателство и љубов кон кошарката.
Почетната станица на кошаркарските каравани за најмладите ќе биде Скопје. Проектот „тргнува“ на 16 ноември, во СРЦ „Кале“.
- Целите на кошаркарските каравани се поттикнување на љубовта кон кошарката и фер плејот. Секако, развој преку игра и забава, без резултатски притисок, но и вмрежување на младите кошаркари и размена на искуства меѓу тренерите, и тоа како потребни во кошаркарското напредување на овие најмлaди возрасни категории, стои во објавата на КФСМ.
Предвидено е да се одиграат 20 натпревари на три терени, првите почнуваат во 11 часот.
Натпреварите ќе се играат според правилата на мини-баскет (4 х 8 минути, односно „Бам пасарела“ правило (првите две четвртини се играат со цел состав – првата петорка игра цела прва четвртина (две замени), втората петорка цела втора четвртина (две замени), без резултат, со минимум десет играчи по тим, но не повеќе од 15 играчи, на возраст, односно родени 2014 година или помлади. зс/
Фото: КФСМ