• сабота, 13 декември 2025

Кочанскиот градоначалник Грозданов се сретна со бронзениот од Балканијадата во борење Даријан Павлев и со претставници на БК „Спартак“

Кочанскиот градоначалник Грозданов се сретна со бронзениот од Балканијадата во борење Даријан Павлев и со претставници на БК „Спартак“

Кочани, 28 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов остварија средба со младиот борач и носител на бронзен медал од Балканското првенство, Даријан Павлев, како и со претставници од раководството на Борачкиот клуб „Спартак“.

На средбата беа потенцирани значајните резултати што Павлев ги постигна во последниот период, особено успехот на меѓународна сцена, на  Балканијадата во борење - слободен стил 2025, со што достојно го претстави Кочани и БК „Спартак“. Градоначалникот Грозданов му честиташе за овој важен спортски успех и го охрабри да продолжи со напорна работа и спортска дисциплина.

Претставниците на некогашниот клубски европски вице-шампион, говореа за тековните активности, плановите за развој на младите борачи, како и за потребите на БК „Спартак“ за подобрување на условите за тренинг и понатамошен спортски напредок. Грозданов изрази подготвеност Општина Кочани да ги разгледа можностите за поддршка на клубот, со цел да се создадат подобри услови за младите таленти и развој на борењето во градот.

На крајот, беше заеднички истакнато дека успесите на спортистите како Даријан претставуваат важен мотив за сите млади во Кочани и поттик за понатамошно вложување во спортот.ис/

Фото: БК „Спартак“

Остани поврзан