• петок, 05 декември 2025

Во Кочани завршна работилница од основната фаза на проектот „Промотер“

Во Кочани завршна работилница од основната фаза на проектот „Промотер“

Кочани, 3 декември 2025 (МИА) - Општина Кочани, вчера и денеска беше домаќин на завршната работилница од основната фаза на проектот „Промотер – Промовирање на територијални стратегии за одржлива мобилност преку хабови  на потрошувачи на зелена енергија“, финансиран од програмата Interreg Europe.

- Проектот „Промотер“ е иницијатива  која за Општина Кочани е многу повеќе од обична проектна активност. Овој проект претставува можност за вистински напредок – за размена на искуства, за учење од добри практики и за подобрување на локалните политики во согласност со европските стандарди. Убеден сум дека резултатите од основната фаза ќе ни помогнат да поставиме цврста основа за следните чекори, а наученото да го претвориме во вистински промени – во корист на граѓаните на Кочани и во насока на европските вредности што ги споделуваме – истакна во своето поздравно обраќање во МКЦ, Александар Андов, претседател на Советот на Општина Кочани.

На дводневниот настан присуствуваа четириесет учесници од сите партнери на проектот, чиј лидер е Општина Ливорно од Италија, а останатите се општини од Латвија, Романија, Финска, Белгија, Чешка, Шпанија, Португалија и Унгарија.  
Според програмските активности секој од учесниците ги презентираше резултатите од основната фаза на проектот. 
Општина Кочани учествува како партнер набљудувач, а Центарот за развој на Источниот Плански Регион, Советот на Општина Кочани и КЈП „Водовод“ се вклучени како засегнати страни.

На овој настан, Општина Кочани ги презентираше добрите практики за паметно мерење на енергијата и управување со јавното осветлување и градскиот јавен превоз. Исто така, беше организирана и теренска посета до Пречистителната станицата за третман на отпадни води во селото Мојанци и посета на системот за геотермална вода „Геотерма“. 
Проектот „Промовирање на територијални стратегии за одржлива мобилност преку хабови  на потрошувачи на зелена енергија“ е со временска рамка до март 2027 година.ис/

Фото: Општина Кочани
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан