• петок, 05 декември 2025

Костовски изврши увид во изградбата на потпорен ѕид во Радишани

Костовски изврши увид во изградбата на потпорен ѕид во Радишани

Скопје, 6 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски денеска изврши увид во изградбата на потпорниот ѕид на улица 50 во Радишани, соопшти општинската прес-служба.

Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши санација на оштетениот дел од улицата. Изградбата на потпорниот ѕид ќе обезбеди дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од можно лизгање на земјиштето. Потпорниот ѕид е најголемо барање на граѓаните од ова населено место, кое се реализира и покрај сите проблеми со техничката документација, се наведува во соопштението од Општина Бутел.са/

Фото: Општина Бутел

Остани поврзан