Костовски во увид на рекоснтрукција на улица во Радишани
- Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски денеска изврши увид во активностите за реконструкција на улицата „Боро Кралевски“, во должина од 568 метри.
Скопје, 5 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски денеска изврши увид во активностите за реконструкција на улицата „Боро Кралевски“, во должина од 568 метри.
-По 40 години, општина Бутел ја реконстуираше улицата и го исполни децениското барање на граѓаните. Покрај тоа, локалната самоуправа целосно ги реконструираше улиците „Симче Настевски“, „Киро Димушков“ и „Скоевска“, информираат од Општината.

Реализацијата на овие проекти во Радишани, како што посочуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.вј/
Фото: Општина Бутел