Корча домаќин на настан за презентација на носии на македонското, влашкото и ромското малцинство
- Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Педагошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли“ од Корча денеска го организира завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча“.
Дебар, 6 декември 2025 (МИА) - Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Педагошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли“ од Корча денеска го организира завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча“.
Настанот е поддржан од Комитетот за национални малцинства, орган на Aлбанската влада, што го сочинуваат претставници на деветте малцинства признати во оваа земја.
-На овој посебен настан ќе бидат презентирани традиционалните носии на трите заедници, изработени со голема посветеност и љубов кон културното наследство, од познатата костимографка Лирика Појани од Корча. Исто така, ќе биде промовирана и информативна брошура, посветена на историјата, значењето и идентитетот на овие носии, чиј автор е Васил Стерјовски, информираа од друштвото.
Настанот ќе се одржи во Библиотеката „Битолски конгрес“ при Педагошки факултет во Корча, со почеток во 11 часот.
-Поканети и добредојдени се сите, заедно да ја одбележиме разноликоста и убавината на нашето културно наследство, посочуваат од друштвото „Сонце“.вт/ар/
фото: плакат