• среда, 07 јануари 2026

Концертот на Антониа Гиговска во Македонска Каменица презакажан за 13 јануари

Концертот на Антониа Гиговска во Македонска Каменица презакажан за 13 јануари

Македонска Каменица, 5 јануари 2026 (МИА) - Концертот на македонската поп-пејачка Антониа Гиговска, кој беше дел од новогодишната програма во Македонска Каменица, ќе се одржи на нов датум поради откажување на планираните новогодишни настани.

Како што информира градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, настапот на Антониа Гиговска е презакажан за 13 јануари (понеделник) и ќе се одржи на Градскиот плоштад, со почеток од 19:00 часот.

-Поради откажување на новогодишната програма, концертот се преместува на нов датум. Општината ќе продолжи навремено да ја информира јавноста за сите дополнителни детали поврзани со настанот, се наведува во објавата на градоначалничката.

Од Општина Македонска Каменица упатуваат покана до граѓаните да присуствуваат на концертот и најавуваат пријатна музичка вечер во празнична атмосфера.

За сите евентуални измени и дополнителни информации, јавноста како што се додава во соопштението, јавноста ќе биде благовремено известена. вс/ев/

Фото: Соња Стаменкова, градоначалник на Македонска Каменица

Остани поврзан