Конте: Не е мој проблем ако некој е разочаран од двете ремија на Наполи
- Тренерот на Наполи, Антонио Конте не е загрижен по двата натпревара на неговиот тим без победа.

Неапол, 10 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Наполи, Антонио Конте не е загрижен по двата натпревара на неговиот тим без победа.
Наполи синоќа ремизираше со Удинезе (1:1) на натпреварот од 24. коло од италијанското фудбалско првенство.
-Не можам да барам повеќе од момците кои прават нешто извонредно. Во спротивно, ризикувате да го прегреете автомобилот и да го оштетите моторот. Ако некој е разочаран со две нерешени, тоа не е мој проблем, изјави Конте по натпреварот.
Наполитанците во претходното коло ремизираа со Рома (1:1).
По овој натпревар Наполи е на првото место на табелата во Серија А со 55 бодови, додека Удинезе е на 10. место со 30 бодови. зс/
Фото: ЕПА