Конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Пехчево – за претседател избран Миле Гошевски
- Во Општина Пехчево денеска се одржа конститутивната седница на новоизбраниот состав на Советот, со што официјално започна мандатот на советниците избрани на неодамнешните локални избори.
Пехчево, 3 ноември 2025 (МИА) – Во Општина Пехчево денеска се одржа конститутивната седница на новоизбраниот состав на Советот, со што официјално започна мандатот на советниците избрани на неодамнешните локални избори.
На седницата, со мнозинство гласови, за претседател на Советот на Општина Пехчево беше избран Миле Гошевски. Изборот е спроведен во согласност со Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Пехчево.
По изборот, новоизбраниот претседател Гошевски изрази благодарност за укажаната доверба и истакна дека Советот ќе работи транспарентно, одговорно и во интерес на сите граѓани на општината.
-Ќе се залагам Советот да функционира како вистински претставнички орган на граѓаните, со почитување на демократските принципи и конструктивна соработка со градоначалникот и општинската администрација“, рече Гошевски.
На седницата присуствуваа и претставници од општинската администрација, како и гости од јавниот и граѓанскиот сектор.
Со оваа седница, Советот на Општина Пехчево ја започнува својата работа за новиот мандатен период, во кој се очекува усвојување на повеќе значајни одлуки поврзани со локалниот развој, инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. вс/
Фото: МИА