• петок, 05 декември 2025

Конституиран новиот Совет на Општина Маврово и Ростуше, градоначалник ќе се избира на повторени избори

Конституиран новиот Совет на Општина Маврово и Ростуше, градоначалник ќе се избира на повторени избори

Дебар, 15 ноември 2025 (МИА) - Во општинската зграда во Ростуше, седиште на Општина Маврово и Ростуше, се одржа конститутивна седница на новоизбраниот Совет на Општината, со што официјално почна мандатот на новите советници.

По верификацијата на мандатите на советниците, за претседател на Советот беше избран Елвир Пајкоски од ВМРО ДПМНЕ.

Заблагодарувајќи се на дадената доверба, Пајкоски вети дека ќе работи максимално одговорно, транспарентно и доследно, во интерес на сите граѓани.  

-На сите новоизбрани советници и на новиот претседател на Советот, Елвир Пајкоски, им ги честитаме функцијата и им посакуваме успешна и одговорна работа во служба на сите граѓани и напредокот на нашата општина во наредниот мандатен период, објави Општина Маврово и Ростуше.

Советот на Општина Маврово и Ростуше брои 11 членови, 5 од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од СДСМ, двајца од Демократска партија на Турците и еден од НАИ.

Во оваа општина на изборите на 19 октомври не беше обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело, поради што изборите ќе бидат повторени. вт/мч/

Фото: Општина Маврово и Ростуше

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан