Комуналното претпријатие на Босилово ќе добие ново возило за собирање смет
- Комуналното претпријатие ,,Огражден" од Општина Босилово ќе добие ново возило за собирање на смет.

Босилово, 10 февруари 2025 (МИА) - Комуналното претпријатие „Огражден" од Општина Босилово ќе добие ново возило за собирање на смет.
Оваа одлука ја донесоа граѓаните на четвртата, завршна, форумска сесија на Форуми во заедницата во Општината.
-Следува постапка на јавна набавка и да се надеваме дека за брзо време ќе завршат сите административни процедури и возилото побрзо ќе биде ставено во функција, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.
Според него, најважниот дел од работата е завршен, а граѓаните одлучиле каде да се искористат средствата кои ќе се обезбедат со донација од УНДП и сопствено учество на Општината. рт/дма/
Фото: Општина Босилово