• петок, 21 февруари 2025

Колев го потпиша договорот за изградба на прва подземна катна гаража во центарот на Велес

Колев го потпиша договорот за изградба на прва подземна катна гаража во центарот на Велес

Велес, 12 февруари 2025 (МИА) - Потпишан е договорот за најголемата капитална инвестиција во Велес - изградба на подземна катна гаража, на три подземни катна со 100 паркинг места, информира градоначалникот Марко Колев. Проектот  ќе го финансира Владата преку Министерството за локална самоуправа.

 Носител на договорот на јавната набавка во име на група на понудувачи е фирмата „ДЕЛТА - ПРОМ“ од Велес.

-На мое огромно задоволство денеска  го потпишавме договорот за изградба на подземна катна гаража во центарот на градот. Со оваа инвестиција ќе се обезбедат 100 паркинг места, на три подземни ката, со што значително ќе се олесни сообраќајниот метеж во овој дел од градот, потенцира Колев. ад/мд/

Фото: Општина Велес 

 

Остани поврзан