Кис противничка на Сабаленка во финалето на Австралија Опен
- Американската тенисерка Медисон Кис попладнево ја победи Полјачката Ига Швјонтек во полуфиналето на Австралија Опен.

Мелбурн, 23 јануари 2025 (МИА) - Американската тенисерка Медисон Кис попладнево ја победи Полјачката Ига Швјонтек во полуфиналето на Австралија Опен.
Во меч што траеше 2 часа и 37 минути Кис славеше со 2:1, по сетови 5:7, 6:1, 7:6 (10:8).
Во финалето на Грн слемот во Мелбурн Кис ќе се соочи со Белорусинката Арина Сабаленка, која во полуфиналето ја совлада Шпанката Паула Бадоса - 6:4, 6:2.
Дваесет и деветгодишната Американка за прв пат во кариерата стигна до финалето на Австралија опен. Претходно таа стигна само до полуфинале во Мелбурн. Кис играше и финале на Грен слемот УС Опен губејќи од Слоун Стивенс во 2017 година.
Финалето на Австралија Опен 2025 е закажано за в сабота. зс/
Фото: ЕПА