• петок, 21 февруари 2025

Келог и Јермак разговараа за претстојните состаноци и ситуацијата на бојното поле

Келог и Јермак разговараа за претстојните состаноци и ситуацијата на бојното поле

Киев, 7 февруари 2025 (МИА) - Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, денеска изјави дека разговарал за претстојните состаноци и ситуацијата на бојното поле со специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог.

Јермак рече дека се разговарало за различни теми, од посетата на Келог на Украина и безбедноста на украинските цивили, до состаноците подоцна овој месец на Минхенската безбедносна конференција. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан