• сабота, 22 февруари 2025

Кај осуденици во Идризово пронајдени пари и мобилни телефони

Кај осуденици во Идризово пронајдени пари и мобилни телефони

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - Казнено-поправната установа Затвор Идризово синоќа во 20.00 часот во СВР Скопје пријавила дека на влез во установата, при претрес кај осудениците Н.А., Х.A., Л.И. и Ј.П. биле пронајдени пари и мобилни телефони.

Како што информира МВР, при извршен преглед во возилото со кое пристигнале овие осуденици, биле пронајдени марихуана и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. мч/сст/

фото: МИА архива

Остани поврзан