Кавадарчанец пријавен во полиција дека се заканувал на снаата за брат
- Кавадарчанец бил пријавен во полиција дека се заканувал на снаата за брат, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Кавадарци, 29 ноември 2025 (МИА) - Кавадарчанец бил пријавен во полиција дека се заканувал на снаата за брат, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера во 15:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле службен разговор со 42-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека пред домот и се заканувал на неговата 42-годишна снаа за брат. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од СВР Велес.
Како што споделија оттаму, синоќа во 18:40 часот, полициски службеници за криминалистички работи при ОВР Кавадарци, ги лишиле од слобода К.М.(33) и Љ.М.(35), двајцата од овој град, затоа што при преглед на патничко возило „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.М. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Љ.М. била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе била поднесена соодветна пријава. свд/вј/
Фото: МИА архива