Кавадарци со излезност од 51.49 проценти до 17 часот
- Во општината Кавадарци има излезност од 51.49 проценти до 17 часот, на денешните претседателски избори. За ова информираше претседателката на општинската изборна комисија Кавадарци, Емилија Петровска.
Кавадарци, 24 април 2024 (МИА) - Во општината Кавадарци има излезност од 51.49 проценти до 17 часот, на денешните претседателски избори. За ова информираше претседателката на општинската изборна комисија Кавадарци, Емилија Петровска.
Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи.
Нешто повисок е процентот на излезност во другите две општини во Тиквешијата, Неготино и Демир Капија.
Во општина Неготино, 55.22 проценти изнесува излезноста на гласачите до 17 часот. Во Демир Капија, 55.85 проценти е излезноста на избирачите. свд/са/
Фото: МИА