• понеделник, 23 декември 2024

Отстранети паднатите дрвја во речното корито на Кумановка во близина на мостот кај Проевце

Отстранети паднатите дрвја во речното корито на Кумановка во близина на мостот кај Проевце

Куманово, 3 мај 2024 (МИА) - Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ ги отстранија паднатите дрвја во речното корито на Кумановка во близина на селото Проевце, соопштија денеска надлежните. Наталожените гранки, дрвја и смет претставуваа закана за постоечкиот мост. Регионалниот центар за управување со кризи шест месеци алармираше за оваа состојба, а институциите си ја префрлаа одговорноста.
- Вчера екипите ги отстранија наталожените дрвја, гранки од коритото по реакција на граѓаните, иако мора да потенцирам не е одговорност и надлежност на нашето претпријатие. Апелираме до граѓаните совесно да се однесуваат, да се грижат за животната средина. Ништо не го оправдува фрлањето смет во реките, изјави заменик-директорката на ЈП „Чистота и Зеленило“, Цветанка Ивановска.

Регионалниот центар за управување со кризи од ноември, лани информираше секој ден дека за мостот во село. Проевце запознаени се сите одговорни, вклучително и општинскиот кризен штаб во Општина Куманово. Институциите си ја префрлаа одговорност во чија надлежност е чистењето на реките во и вон градежен опфат. Жителите стравуваа дека постои можност од излевање на реката Кумановка. ам/вг/


Фото: ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово

Остани поврзан